ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
19.04.2022
Конкурс за драмски текст за деца
Автор: Goce Editor

НУЦК „Ацо Шопов“ – Штип распишува Конкурс за драмски текст за деца. Жири комисијата ќе награди само едно дело.
Наградата ќе биде во висина од 60.000 денари во бруто износ. Во наградата е вклучен и откуп на авторското право за изведување на делото во продукција на НУЦК „Ацо Шопов“ – Штип.

Наградената пиеса ќе биде отпечатена во тираж од 100 примероци. Истата ќе биде инсценирана на сцената на НУЦК „Ацо Шопов“ – Штип. Наградената пиеса и другите две што ќе влезат во потесен избор, ќе бидат препорачани на сите културни институции кои имаат можност за сценски изведби.

Услови:

Ќе бидат оценувани современи драмски текстови оригинално напишани на македонски јазик, кои претходно не биле објавувани и јавно изведувани. Може да се достават најмногу два драмски текста од ист автор. Ќе бидат разгледувани само целовечерни драмски текстови.
Драмските текстови треба да се достават на адреса: НУЦК „Ацо Шопов“- Штип, Плоштад „Тошо Арсов“ бб., 2000 Штип, со назнака – За конкурс за драмски текст за деца. Непотпишана копија од делото со шифра да се достави во затворен плик.

Во истиот плик да се достави друг затворен плик со назнака „Не отворај“ кој ќе содржи пријава во која ќе бидат следниве информации: име и презиме на авторот, адреса на живеење, назив на делото, шифра на делото, кратка биографија на авторот, e-mail и телефон за контакт.

Рок за поднесување: 31 септември 2022 година.
Резултатите од конкурсот ќе бидат соопштени на 10. Октомври 2022 година, за време на одржувањето на Театарскиот фестивал за деца и младинци „Малиот Принц“.

(Видео) Д-р. Марија Димитровска – Колку студентите се вклучени во научни истражувања?
Жените во науката сѐ уште се соочуваат со предизвици и дискриминација