„Squid Game“ ги сруши светските рекорди за најгледана серија на Нетфликс. Во цел свет се водат дискусии за тоа колку серијата треба да ја гледаат младите со оглед на проблематиката и дејството кое ја има истата.
Се случи и првиот инцидент во Сиднеј, Австралија каде три деца се здобиле со тешки последици правејќи ги познатите колачи од серијата. Процесот на правење на шеќерните колачи предизвикале изгореници од висок степен кај децата, по што морале да бидат пренесени во болница.
Низ социјалните мрежи кружи предизвикот со подготовка на овие шеќерни колачи, познати како далгона, со што се зголемува ризикот за слични индиценти доколку се прави со невнимание.
(прочитајте и: squid game руши рекорди )
Докторите ги предупредуваат и им сугерираат на родителите да бидат претпазливи за тоа што гледаат нивните деца. Шеќерната смеса е многу поопасна, бидејќи шеќерот се топи на повисока температура, а истата може да предизвика тешки изгореници и оштетувања на кожата.