
Бизнисот со биткоини нема да е вечен, се предвидува дека производството, „копањето“ биткоини ќе престане по нешто повеќе од 100 години. Поточно, целото производство би требало да престане во 2140 година.
Бројот на ископани и пуштени во оптек биткоини достигна 19 милиони, јавува Anadolu Agency (AA).
На денот на создавањето на биткоинот на 3 јануари 2009 година, бројот на биткоини во оптек беше само 50, а оваа бројка постојано се зголемуваше со употреба на специјални уреди за рударство. Кога бројот на биткоини ќе достигне 21 милион, рударството ќе престане.
Експертите предвидуваат дека целото производство на биткоини ќе заврши во 2140 година, со оглед на тоа што производството се преполовува на секои четири години во просек.
Иако трошоците за рударство се зголемени, зголемувањето на вредноста на биткоинот во споредба со претходните години предизвика зголемување на приходите на оние кои ја ископуваат оваа криптовалута.
Сатоши Накамото – кој е мистериозниот креатор на Биткоин и можно ли е да биде откриен?
Вкупниот приход што тие го создадоа на мрежата на биткоин минатата година беше повеќе од 15 милијарди долари.
Биткоинот е најпопуларен меѓу криптовалутите со пазарна капитализација од повеќе од 870 милијарди долари, поради што го привлекува вниманието и на инвеститорите и на рударите.
Криптовалутата, која го достигна својот историски врв кога нејзината вредност надмина 68.000 долари во ноември минатата година, во последните недели се тргуваше по цена од 40.000 долари.