Корупцијата и младите – како можеме да го промениме светот одвнатре“ беше тема на панел дискусија која се одржа во Младинскиот совет во Струмица, во организација на МАА – Македонско Американска Алумни Асоцијација.
Учесници на панелот беа Цона Каламерникова , судијка во Основен суд Струмица, Кривичен оддел и д-р Берат Дехари, Универзитетски професор, поранешен заменик директор на Управата за финансиска полиција. Дебатата ја модерираше Игор Стојанов, главен и одговорен уредник на Универзитетските медиуми на Универзитетот „Гоце Делчев“ и на порталот за млади goce.mk. Пред студентите и средношколците од Струмица тие развија дебата која има за цел да го разбуди интересот на младите за да реагираат, истражуваат и се обидуваат да ја направат толку потребната внатрешна системска промена.
Судијката Каламерникова рече дека кога секој ден како ученици и студенти слушаат дека судството е корумпирано и освен тоа ништо друго не слушаат, не ја изненадува што мислат дека судството е корумпирано. Но поголем дел од нив не влегол веројатно во суд и не знаете како функционира судството, туку најголем дел од младите она што ќе го слушнат од медиумите, политичарите, го земаат здраво за готово и сметаат дека навистина судството е корумпирано.
Барометарот за корупција со повеќе матни отколку бистри случаи
-Уште повеќе, ретко кој се одлучува да се обиде нешто да промени, туку си велат дека ако досега никој не успеал да промени нешто, токму јас ли ќе успеам. Судот има свои веб страници, секој може да пристапи, на нив може да се видат одлуките на судот. Можете да видите дека судиите треба во одлуката да напишат конкретно се за случајот, поединечно за секој случај и сведок да објаснат зошто му веруваат или не. Тогаш ќе видите дека понекогаш перцепцијата за недоверба во судството е заснована најмногу на паушални изјави, кои имаат некоја друга цел.
Во Струмица има два случаи кои се иницирани од млади и се однесуваат на корупција, во кои е докажана корупција. Тоа значи, и сакам да ве охрабрам, дека со пријавување можете да го покренете механизмот за решавање на случаите. Луѓето за жал не веруваат дека ако пријават ќе се реши, но тоа не е така – изјави судијката Цона Каламермников.
Со младите беа споделени и размислувања за перцепцијата и сфаќањето на корупцијата само како во нејзината највисока форма, во политиката, судството, здравството, полицијата, што секако е погрешно. Ова оттаму што сите ние несвесно поминуваме преку форми на корупција кои се навидум мали, невидливи, како на пример добивање на оценка со мито, подароци и слично.
– Не случајно ги организираме овие дебати, сакаме да ја подигнеме свеста за потребата за борба против корупцијата и прганизираниот криминал. Голем дел од малдите немаат пристап до јавните институции, а сите имаат мобилни уреди, а технологијата дава можности. Тоа значи дека треба да размислуваме и за апликации преку кои сите граѓани ќе имаат можност на наједноставен начин да пријавуваат корупција – рече професорот Бехари.
Македонско Амреиканската Алумни Асоцијација со серијалот на вакви панел дискусии со младите се обидува да ја зголеми свеста за потребата од борба против корупцијата, псоебно кај младите.