ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
18.07.2022
Корупцијата најголем „виновник“ за заминувањето на младите
Автор: Goce Author

Корупцијата е најголемиот „виновник“ за младите да се одлучат да ја напуштат Македонија, иако многу често се мисли дека заминувањата најчесто се поради финансиски причини.

Фото: Infomedia Balkan

4 од 10 млади изјавиле дека ќе ја напуштат државата поради степенот на корупција, додека секоја трета млада личност изјавила дека токму корупцијата е главна мотивација да се приклучи и да придонесе во борбата против коруптивните дејства. Само 4% изјавиле дека ваквата состојба ги тера да станат дел од синџирот на корупцијата. Ова го покажа анализата направена од страна на Младинскиот сојуз во која учествуваа над 440 млади луѓе од целата земја.

Со „тенка“’ преодна оценка (2) ја оценуваат младите досегашната национална борба против корупцијата. Охрабрува фактот што речиси две третини од нив (64%) изјавиле дека досега директно не учествувале во коруптивни активности. За младите испитаници во најголем процент корупцијата претставува „пари во индекс за професорот/ката“ (57%), за една третина тоа се партиските вработувања, а најмал процент дека тоа се „кафе и бонбониера за докторот“ (7%), односно „подарок во вредност до 1.000 денари“ (3%).

На младите корупцијата најмногу им пречи во сферите на правосудството (58%), здравството (27%) и државната администрација (18%), додека најмалку тоа го идентификуваат како проблем кај полицијата (7%). Речиси идентичен број од нив рекле дека се запознаени со каналите преку кои можат да се изборат против корупцијата со оние кои изјавиле дека немаат такви информации.

Младите сакаат флексибилно работно време и повисоки плати

Исто така, за младите луѓе најважно е лидерите и лидерките да бидат решителни и праведни (над 50%), понатаму транспарентни (над 15%), а најмалку посакуваат да бидат авторитативни (6%).

Анализата во која учествуваа над 440 млади луѓе е спроведена од страна на Младинскиот сојуз во периодот од април до јуни 2022 година, а со поддршка на Националниот демократски институт (НДИ) и НЕД.

Кариерен ден на УГД – за полесен избор за средношколците
Избрани единаесет нови гласови на „Отскочна даска“