
Министерот за финансии на Косово, Хекуран Мурати, вели дека мора да се донесе одлука за стопирање на копањето на криптовалути на територијата на Косово и Метохија.
Соседно Косово сака да го забрани ова со образложение дека така ќе ги спаси џебовите на граѓаните.
„Би било многу неправедно за нас како држава да субвенционираме нечиј профит на сметка на други граѓани. Затоа беше неопходно да се донесе оваа одлука за привремено ограничување на рударството или производството на криптовалути за да се спасат џебовите на граѓаните“, рече министерот.
Воедно владата на Косово најави дека институциите на земјата ќе го прекинат производството на криптовалути, бидејќи постои сомневање дека опремата што се користи предизвикува голема потрошувачка на електрична енергија.
Сепак, инженерот и експерт за криптовалути Ермаљ Садику рече дека секоја трансакција со биткоин е транспарентна и дека перењето пари преку криптовалути не е можно, пренесуваат косовските медиуми.
Тој додаде дека Косово и Метохија треба да ги легализираат уредите за производство на криптовалути и да воведат плаќање даноци за тоа.