ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
22.07.2022
Ковид пак се заканува, КЗБ вели ситуацијата е стабилна
Автор: Goce Author

Ковид случаите се враќаат, дали сме на праг на нов бран и може ли да се вратат непопуларните мерки?

Според Комисијата за заразни болести, не. Епидемиолошката состоjба во државата е стабилна и засега нема да има дополнителни превентивни мерки. Има зголемување на бројот на новозаразени случаи, но Комисијата за заразни болести констатира оти според бројот на слободни болнички кревети и бројот на починати се уште се наоѓаме во зелена зона и дека за сега нема потреба од дополнителни нови мерки.

Остануваат да важат дел од мерките, кои реално и не се почитуваат премногу. Тоа е задолжително носење заштитна маска во јавниот превоз, здравствените установи, аптеките и установите за згрижување на возрасни лица и лица со попреченост.

Бројот на активни случаи изнесува 3.838, откако завчера беа регистрирани 788 нови случаи со КОВИД-19, што е четврти ден по ред со над 700 нови случаи.

Речиси половината од сите случаи – 1 865 се во Скопје, по што следат Куманово – 194, Охрид – 172 и Кавадарци – 170.

Според портпаролот на Комисијата за заразни болести, Злате Мехмедовиќ, Скопје во моментот е најзасегнат со новозаразени пациенти. Поради тоа, во текот на наредната недела ќе почнат со работа пет нови КОВИД амбуланти на територијата на градот.

Во Скопје наредната недела се отвораат пет Ковид амбуланти

Според портпаролот на Комисијата, трансмисијата на вирусот е висока. Сепак, не предизвикува често тешка клиничка форма на болеста и не ги преполнува болниците. Тој потенцираше дека очекуваат да има висок број на позитивни случаи, но не очекуваат да има луѓе кои со сериозна симптоматологија ќе завршат во болници. Но, рече, системот е подготвен и во случај да има зголемување на бројот на вакви случаи.

Бил Гејтс за теориите за негова вина за пандемијата

-Епидемиолошката состојба, согласно сите параметри кои ги имаме, а најважните се бројот на хоспитализирани, бројот на слободни болнички кревети и бројот на починати, се уште не става во зелената зона. Најважно е да се фокусираме, како што кажав, на примарниот здравствен систем и тоа сега го правиме преку отворање на КОВИД амбулантите, рече Мехмедовиќ.

Досега во земјата се направени вкупно 2.104.009 тестирања на КОВИД-19. Вкупниот број КОВИД-дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 321.386, оздравени пациенти има 308.199, починати се 9.349.

Од Комисијата апелираат до граѓаните да внимаваат на сопственото здравје, да избегнуваат посети во затворени и непроветрени простории. Кога е неизбежно, се препорачува носење заштитна маска и одржување дистанца.

Министерството за здравство минатата недела препорача носење маски во затворени простории при подолг престој и редовно проветрување. Препорака е и да се избегнува непотребно собирање во големи групи и да се одржува растојание од два метра.

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?