
Студентите и средношколците веројатно најмногу ќе ги интересира профилот на новиот министер за образование. Со оглед дека под ова министерство се сите образовни институции во Македонија, да разгледаме кој е Јетон Шакири. Министерот Јетон е од Струга и има 34 години. По професија е Економист, а пред да се занимава со политика бил професор на Факултет. Има дипломирано во Тетово, магистрирано во Струга, а докторирано во Тирана, Албанија.
Новата концепција за матура од догодина – годинава полагање како и лани!
Јетон нема голема политичка кариера, со оглед на тоа дека доаѓа од академската заедница. Според неговата официјална биографија, тој започнал да предава на факултет на своја 21 година. На 1 септември 2008-ма година тој бил помлад асистент на Универзитетот каде и магистрирал, во Струга. Шест години подоцна таму се стекал и со звањето доцент.
Пред да стане министер, Јетон Шакири, бил директор на две јавни претпријатија во Струга. Првпат министер стана во 2020 и тоа министер за информатичко општество и администрација. Од пред неколку дена го води Министерството за образование и наука.
Значи од сега сите проблеми во образовниот процес ќе ги адресирате до министерот Јетон Шакири и неговиот тим. Тој е достапен и на социјалните мрежи:
Фејсбук страница:
https://www.facebook.com/jetonshaqirii
Инстаграм профил: