ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
16.09.2024
Краен рок за промена на возачките дозволи со старото уставно име е 31 декември
Автор: Goce Author

Министерството за внатрешни работи ги потсетува граѓаните дека важноста на возачките дозволи со старото уставно име, согласно со промената на законот за безбедност во сообраќајот, е заклучно со 31.12.2024 година.

МВР и денеска ги повика сите граѓани кои се уште имаат возачка дозвола со старото уставно име, да ја обноват својата возачка дозвола, до истекот на рокот, со цел да не се создаваат непотребни гужви.

– Сите капацитети на Министерството и шалтерите на управните служби функционираат во полн капацитет и можат да ги услужат граѓаните да ги заменат своите возачки дозволи во редовниот рок до 31.12.2024, без никакво доцнење и гужви, информираат од МВР.

„Студентски отпор“ реагира на новите повисоки трошоци за студирање
“Golden Piano Talents“ на 13 и 14 септември во Штип