ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
09.09.2022
Кралот Чарлс ја донесе својата прва одлука како крал – одлуката е изненадување за многумина
Автор: Goce Author

Новиот крал Чарлс трети одлучи дека ќе има 17 дена жалост за неговата мајка, кралицата Елизабета Втора, наместо 10 или 12 колку што се очекуваше.

Иако се уште не се познати деталите за погребот, се верува дека погребот ќе се случи 10 дена по смртта на кралицата, а Чарлс наредил дополнителни седумдневна жалост по погребот, пренесува Мирор.

Кралското семејство, заедно со оние дополнителни седум дена жалост прогласена од Чарлс, ќе тагува вкупно 17 дена. Кралската жалост ќе ја почитуваат членовите на кралското семејство, персоналот на кралското домаќинство и неговите претставници, заедно со војниците кои ќе служат на церемониите.

Знамето во Бакингемската палата беше спуштено на половина копје во четвртокот во 18:30 часот. До моментот кога Чарлс Трети ќе биде именуван за крал, тоа ќе биде подигнато, а подоцна повторно спуштено на половина копје.

Како што најавивме претходно – кралот Чарлс денеска ќе и се обрати на нацијата.

Казните за злосторства над девојчиња и жени мора да се повисоки
Здравствени политики за сите