ХИВ Сида е болеста која некогаш одамна, на почетокот на 80-тите, се појави како сериозна закана за животот на луѓето, предизвикувајќи голем страв. Соодветно на тоа, со тек на времето, сериозни станаа и напорите за борба против оваа болест на ниво на целиот свет. Се издвојуваа средства за програми и мерки за заштита, превенција, едукација. 40-тина години подоцна, кога ХИВ сида иако не привлекува толку внимание и не предизвикува толку страв (а сепак опасноста ја има), барем во Македонија се соочуваме со опасноста со намалување на буџетот за борба против оваа болест да се доведат во прашање успесите постигнати во годините наназад.
На ваквата опасност укажуваат сите активисти, здруженија на граѓани кои се инволвирани во спроведувањето на мерките од Програмата за заштита на населението од ХИВ инфекција. Денис Ампев, координатор на оваа Програма за Штип (преку Здружението Младински клуб), укажува дека револтот со намалувањето на средства е бидејќи тие услуги сега и се ускратени на самите корисници. Дискриминацијата повторно се зголемува, затоа што поради недостиг на средства мораат да се обраќаат во институциите кои немаат одговор на нивните барања. А приватните аптеки немаат доволно медицински материјали кои чинат средства кои паѓаат на товар на самите граѓани. Револтот се повеќе се зголемува кај сите чинители.
Дека кратењето на средствата може да наштети, се покажува и преку тоа што се постигнало досега. Програмата за намалување на штети од употреба на дроги под која ја води Здружението на Граѓани Младински клуб започнува во пролетта 2005 та година. Започнала токму од потребата за нудење на услуги на на група на граѓани претежно млади под ризик и ризично однесување за кои институциите немаа одговор. Програмата(ПНШ) работи со интравенозни корисници на дроги и мез морализирање и осуди за нивното однесување туку за намалувањето на штети и последиците кои настануваат од тоа.
„Под покровителство и менторство на експерти почнавме со нудење на услуги во стационар и на терен за размена на опрема за ињектирање,медицински услуги и социјални услуги. Предноста во програмата беше што токму теренските работници доаѓаа од целната популација и затоа беше успешна, бидејќи ниедна институција не може да допре до скриената популација на корисници на дроги. Па така 17 години самите корисници на добиваа услуги кои ниедна институција не ги нудеше а посебно не бесплатно. Бројката на отфрлен инфективен отпад која се наоѓаше покрај школите и градинките драстично се намали, самите корисници имаа обврска употребениот медицински материјал да го вратат на согорување. Се подигна свеста кај сите нив за начинот и употребата на материјалите кои ги добиваа. Не мораа да посетуваат клиники за ситни медицински проблеми и ги оптеретуваат институвиите за социјални услуги кои ги добиваа кај нас.Стигнавме дури до едукации за вработување и дошколување“ – вели Денис Ампев.
Смета дека со самото тоа што корисниците можеле анонимно и доверливо да добијат услуга од медицински и социјален работник или стерилен прибор за инјектирање, ова здружение и активистите вклучени во оваа програма се едни од најзаслужните за ниската стапка на ХИВ во Македонија а и немаме ниеден заразен од ХИВ од целната популација на ИКД(интравенозни корисници на дроги).
„Комбе од Скопје доаѓаше двапати месечно каде самите крисници анонимно и без здравствена книшка за 5 минути можеше да направи не само ХИВ тестирање туку и тестирање за хепатит Б и Ц,нешто што ниедна друга институција не го правеше тогаш.
Македонија е држава со најниска стапка на ХИВ во регионот токму поради 17 годишното работење на Младински Клуб и партнерите од другите градови. Затоа е и стравот од намалувањето на средствата. Сличните кратења во држави од регионот донесоа неколкукратно зголемување на стапката на новозаразени . Во Црна Гора по затварањето на центрите и намалувањето на средствата почна да се зголемува стапката на новозаразени. Кога сакаа пак да ги зголемат средствата неможеа да најдат екперти да ги спроведуваат програмите. Бидејки треба време да обучиш теренски работници,социјални и медицински работници за работат со луѓе под ризик а посебно маргинализирани и дискриминирани. Нашиот страв е дека ако пропаднат центрите низ државата ни следува ХИВ епидеија за која институциите нема да имат одговор“ – додава Ампев.
Според Ампев, засега нема најава дека финансиската поддршка сепак ќе продолжи. Секоја година буџетот се крати, иако декларативно се искажуваат добри намери.
„Засега нема најава за продолжување на истата финансиска поддршка. Од година во година имавме заложби на хартија но во пракса секоја година ни е скратен буџетот. Нашата држава има потпишано меѓународни декларации за кои се обврзала. Нивното не спроведување е спротивно на тие декларации и заложбата на СЗО да стави крај на ХИВ пандемијата. Затоа има и критики кон нашето Министерство за Здравство поради кратењето на средствата“
Студентите по медицина во Штип ги едуцираа граѓаните за ХИВ СИДА
На прашањето зошто се кратат средствата, Ампев одговара:
„Нема објаснувања зошто се кратат средствата. Ние поради кратењето останавме на 25 проценти на капацитети.Што се чувствува и кај самите корисници. Почнуваат да се појавуваат проблеми. Работиме само теренски бидејки немаме средства за стационар. Мислам дека тимот продолжи да работи од љубов кон работата и одговорност кон корисниците, инаку до сега ќе дигневме раце.
Моето лично мислење е дека нема константа во работата на Министерството за здравство,се променија министри кои не се баш запознаени за состојбата во која се наоѓаме сите, вклучувајки ги и нив. Иако владата секоја година ја потпишува националната програма за борба против ХИВ мислам дека не се доволно свесни за ризиците од кратењето на средства. Сепак ризичните популации не се од најголем интерес во политиката.
А нас допрва не чекаат тешки времиња“