
Кратово е мало градче познато по камените кули и мостови.
Во денешно време кога сите млади се иселуваат трагајќи по подобар живот во поголемите градови во Македонија или во странство гоце.мк најде некој со голем капацитет и успех кој одлучува ентузијастички да го помине животот во родниот град.

Младен Мицевски е човек кој со својот ентузијазам го пренесува знаењето како за гастрономијата така и за животните лекции. Како професор во средното општинско училиште Митко Пенџуклиски во Кратово тој заедно со своите ученици освен што се стекнуваат со кулинарски знаења и послужување, тие го оддржуваат ритамот на срцето на градот. Преку организирање на разни настани со младинскиот активизам го живнуваат градот и неговиот туристички дух.
Во прилог погледнете го разговорот на гоце.мк со Младен, а можете да го посетите и неговиот профил на Тик Ток каде преку забавни видеа со учениците споделуваат знаење во кулинарството.