ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
12.01.2022
Крипто пазарот крие големи опасности од измами – криминалните активности достигнаа 14 милијарди долари
Автор: Goce Author

Photo by Executium on Unsplash

Криминалните активности на крипто пазарот достигнаа највисоко ниво од 14 милијарди долари минатата година, објави  сајтот за анализа на блокчејн „Chainalisis“.

Нивните рекордни показатели ги поддржуваат барањата на националните регулатори за зголемување на нивните надлежности во секторот кој бргу се развива.


Косово забрани „копање“ криптовалути


Според извештајот, вредноста на криптовалутите испратени до дигиталните паричници, кои се стекнати преку недозволени активности, вклучително и измама, црниот интернет пазар и употребата на малициозен софтвер (откупнина), скокна за 80 отсто во споредба со една година порано. Учеството на овие активности во вкупниот обем на крипто трансакции, сепак, е само 0,15 отсто, што е најниско ниво досега, пренесува Ројтерс.

Вкупниот обем на трансакции скокна на 15,8 трилиони долари во 2021 година, што е пет пати повеќе од една година порано, објави американскиот Cheynalisis.

Популарноста на дигиталните средства, од биткоин до незаменливи токени, експлодираше во 2021 година бидејќи беше прифатена од институционални инвеститори и големи компании.

Новодојденците во крипто светот ги привлекуваат ветувањата за брза заработка, како и надежта дека биткоинот нуди заштита од зголемената инфлација. Сепак, пазарот на криптовалути сè уште не е покриен со регулативи, така што инвеститорите немаат правни средства за заштита од измами.

Крипто предизвикува загриженост кај финансиските власти

Финансиските власти и креаторите на монетарната политика во целиот свет се загрижени за употребата на криптовалути за нелегални активности како што е перење пари.

„Злоупотребата на криптовалутите создава огромни пречки за нивно понатамошно усвојување, ја зголемува веројатноста владите да воведат ограничувања и што е најлошо од сè, дозволува невините луѓе ширум светот да станат жртви“, се вели во Cheynalisis.

Растот во криминалниот свет на криптовалутите најмногу се должи на измами и кражби на децентрализирани финансиски платформи (DeFi), кои на клиентите им нудат заеми, осигурување и други финансиски услуги по поповолни услови од традиционалните финансиски институции како што се банките, без никаков деловен код и нивното управување е нетранспарентно.


Кој е најбогатиот претприемач помлад од 30 години?


Вкупната кражба на криптовалути се зголеми за повеќе од пет пати од 2020 година, на околу 3,2 милијарди долари во украдени монети минатата година. Околу 2,2 милијарди долари од тие токени, или околу 72 отсто од вкупниот број, беа украдени од сајтовите на DeFi.

Измамите на DeFi платформите, како што се т.н „Повлекувањето на тепихот“, каде што програмерите поставија страница со лажни можности за инвестирање пред да исчезнат со готовината на инвеститорите, достигна 7,8 милијарди долари минатата година, што е за 82 отсто повеќе од претходната година, според извештајот на Cheynalisis.

Започнува „Викенд на гордоста – Скопје 2025“
80 години од кодификацијата на македонскиот јазик одбележани во Брисел