ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
31.12.2021
Кршење чинии, фрлање мебел, шарена долна облека, најчудните традиции за Нова година

Различни култури и различни земји ги прославуваат настаните на посебни начини. Исто е и со славањето на Нова година. Некои веруваат во кршење на чинии за бериќетна година, други во гатање на долна облека (ова не е шега), па ајде да видиме кои се најчудните начини на прославување на најлудата ноќ во годината низ светот.

The 12 Grapes of Luck– Шпанија

Во Шпанија, една од традициите е да се изедат 12 зрна грозје, односно по едно зрно секој час. Ако успеете до полноќ да не заборавите и да ги изедете сите, тогаш ве очекува среќна година. Вкусот на грозјето исто така ја симболизира иднината во следната година.

Smashing Plates – Данска

Доколку сакате да кршите чинии, тогаш треба да ја прославите Новата година во Данска. Таму соседите меѓусебно ги кршат чиниите кои не ги користат преку целата година и веруваат дека колку повеќе ќе сокршат, толку повеќе пријатели и среќа ќе имаат во следната година.

Гоце.мк – Кои се градовите со најнезаборавни прослави на Нова Година? – (goce.mk)

Scarecrow Burning – Екватор

Овде луѓето прават страшила кои ги симболизираат политичарите, ѕвездите и други значајни личности и ги запалуваат на полноќ. Тоа симболизира чистење на лошите духови и сите несреќи кои се случиле во текот на годината.

Wear Colourful Underwear – Латинска Америка

Во овие земји, тоа што ќе се случува следната година се одредува според бојата на долната облека. Традицијата вели дека црвената носи љубов, а жолтата богатство. А они кои бараат мир и спокојство, тогаш треба да носат бела долна облека.

Гоце.мк – Даскалот: Гафови и грешки – (goce.mk)

108 Rings – Јапонија

Ако славите Нова година во Јапонија, тогаш ќе слушнете 108 ѕвона во будистичките храмови кои симболизираат отфрлање на 108 – те зли страсти кои ги има човекот во себе. Јапонците веруваат дека со тоа ќе ја започнат следната година со чисто срце. Вообичаено, традицијата е ѕвончето да се заѕвони 107 пати на последниот ден од годината, додека 108-ми пат во Новата година.

Гоце.мк – Дедо мраз геј, жена, црна , жолта раса….мислењата поделени! – (goce.mk)

Tossing Furniture Out Of The Window – Италија

Во Италија мотото е „старо за ново“ каде што во новогодишната ноќ се фрла стариот мебел од балконите. За да се избегнат незгоди и повреди, некои луѓе одбираат да фрлат предмети кои тежат помалку. Истата ваква традиција се применува и во Јоханесбург, Јужна Африка.

Зошто САД се плашат од ТикТок?
Кардиоваскуларните болести се сѐ почести меѓу населението