ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
20.12.2021
„Куќата на змејовите“ – претходник на серијата „Игра на троновите“, презакажана за 2022
Автор: Goce Author

Претходникот на „Игра на троновите“, серијата наречена „Куќа на змејот“, ќе има премиера во 2022 година.

Познат факт е дека ова не беше единствената серија што HBO планираше да ја развие во 2019 година. Имаше неколку серии-претходници од кои „Куќа на змејот“ доби шанса да продолжи со снимањето. Друга серија-претходник, за која се шпекулираше дека е именувана како „Крвава месечина“ или „Долгата ноќ“, е откажана.


“And just like that” серијата “Sex and the City” е повторно на малите екрани


Веста за нејзиното откажување многу ги разочара обожавателите, а истото важи и за актерската екипа. Наоми Ватс, која требаше да ја има главната улога во серијата, се расплакала кога ја примила веста.

– Потрошија над 30 милиони долари на пилот-епизодата на претходникот на „Игра на троновите“, која беше во продукција кога стигнав таму. Кога видов дел од неа по неколку месеци откако пристигнав, му реков на главниот човек за содржина на HBO, Кејси Бојлс: „Ова не функционира и мислам дека не го исполнува ветувањето за оригиналната серија. И тој се согласи, што всушност беше олеснување – вели поранешниот претседател на „Ворнермедија“, Боб Гринблат.


Контроверзната „Squid Game“ станува опасна!


„Крвава месечина“ или „Долгата ноќ“ требаше да прикажува период од над илјада години пред дејството во „Игра на троновите“. Без железен трон, без змејови, кога Westeros бил многу поинакво место.

(Колумна) Што е демократија? Сигурно не ова што го гледаме денес
И родителите зависни од мобилните телефони