ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
12.01.2022
КЗБ: Одлуката за второто полугодие ќе се носи пред крајот на распустот

Комисијата за заразни болести одлуките поврзани со продолжувањето на учебната година во второто полугодие  ги остави за периодот непосредно пред завршувањето на зимскиот распуст. Овде пред се се мисли на можноста распустот да биде продолжен, додека за барањето на дел од родителите наставата да се одвива онлајн не се разговарало.

Одлуката за евентуално продолжување на зимскиот распуст на учениците ќе биде донесена непосредно пред почетокот на второто полугодие, бидејќи клучно ќе биде каква е епидемилошката состојба во државата, соопшти Министерството за здравство.

Комисијата за заразни болести ја разгледуваше можноста за промена на почетокот на второто полугодие, но конечната одлука ќе биде донесена непосредно пред почетокот на второто полугодие, согледувајќи ја епидемиолошката состојба во државата, информираше Министерството за здравство.


Државната матура годинава како и лани, нова концепција од 2022/23


Епидемиолозите ја разгледувале и можноста за скратување на времето поминато во изолација за лицата кои се позитивни на коронавирусот, но се асимптоматски случаи.

„Членовите на Комисијата за заразни болести на состанокот дискутираа за повеќе предлог-мерки, за кои дополнително ќе се донесат одлуки и заклучоци. Се разгледуваше предлогот за скратување на времето на изолација на позитивни на коронавирусот, а кои се асимптоматски случаи. За овој предлог, членовите ќе донесат одлука по дополнителна обемна дискусија која ќе следува во наредните денови. Исто така, разгледана беше и евентуалната можност за промена на почетокот на второто полугодие од учебната 2021/2022 година, а одлуката по овој предлог ќе биде донесена непосредно пред почетокот на второто полугодие, бидејќи клучно ќе биде каква е епидемилошката состојба во државата. Одлуката за почетокот на второто полугодие од учебната година ќе биде усогласена и со Министерството за образование и наука“, наведено е во соопштението.

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?