ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
20.07.2023
Лани во домовите биле сместени 5877 ученици и студенти
Автор: Goce Author

Во минатата учебна 2022/2023 година вкупно 5877 ученици и студенти биле сместени во домовите за ученици (основци и средношколци) и за студенти.

Како што е наведено во објавата на Државниот завод за статистика (ДЗС), тоа е зголемување за 6,5 проценти во однос на учебната 2021/2022 година.

Во домовите за ученици што посетуваат средни верски училишта се сместени 124 ученици.

Објавен конкурсот за прием во студентските домови

Со годишните извештаи се опфатени 36 домови: за ученици во основните училишта, за ученици во средните училишта,  за ученици во средните верски училишта и студентските домови.

Домовите за ученици и студентските домови обезбедуваат сместување, исхрана и воспитание на ученици и студенти кои за време на школувањето се надвор од местото на постојано живеење на родителите/издржувателите

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?