
Британските научници развиваат лек против рак без отровни хемикалии. Новиот алат ги искористува клетките кои ги уништуваат туморите и со тоа брзо и ефикасно ќе се оди против ракот.
Научниците од Универзитетот Нортвестерн собраа, сортираа и умножија стотици милиони ќелии со што добија 400 отсто повеќе клетки што уништуваат тумори од досега познатите начини на лекување. Сѐ тоа со помош на новиот уред кој може да се направи со помош на 3Д принтер.

Photo by Ibrahim Boran on Unsplash
Повеќето од познатите методи вклучуваат отровни хемикалии и супстанци кои предизвикуваат нуспојави што го ослабуваат имунитетот на човекот.
Но, користењето на сопствено ткиво и клетки може да ги намалат нуспојавите и ризикот од отфрлање. Токму клетките што се собираат од ткивото на туморот можат да го излечат болниот. Но, проблемот е начинот на собирање на клетките и истиот делува кај многу малку пациенти. Тие клетки го инфилтрираат туморот и го напаѓаат неговото ткиво, борејќи се со него.
Според научниците, клеточната терапија која се користи во клиниките е мешавина од истрошени и незрели клетки за лекување на тумори. Тие клетки се одгледуваат во лабораторија откако ќе се извадат од ткивата. Многу од нив се исцрпуваат и се неспособни да се борат со туморот, додека да дојде моментот да се умножат и да се вратат во телото.
МАТИК е нова технологија, односно микрофлуидно целење на афинитетите на инфилтрирачките клетки со која научниците ги одредуваат најактивните клетки.
Преку експеримент извршен врз глувци токму со оваа технологија, откриле дека туморите кај нив драстично се намалиле, па дури кај некои и исчезнале. Тоа ја подобрило стапката на преживеаност во споредба со другите методи.
Резултатите од ова истражување се објавени во Nature Biomedical Engineering.