„Lemon8“ со 17 милиони преземања од лансирањето би можела да биде апликација која ќе го замени популарниот Tik-Tok ако дојде до негова комплетна забрана.
Освежувањето што доаѓа од компанијата зад TikTok стана исклучително популарно во последниве недели. Бројот на корисници на апликацијата „Lemon8“ расте од ден на ден, додека се почесто се слуша прашањето – дали е потенцијална замена за „Tik-Tok“ во случај на целосна забрана или пак пристигна уште една „апликација која мора да се има“.
Платформата во сопственост на „ByteDance“, матичната компанија на Tik-Tok, лансирана во Јапонија во 2020 година. Нејзините пет минути почнаа да отчукуваат кога се зборуваше за делумна или целосна забрана на Tik-Tok, и така, на почетокот на април, Lemon8 забележа 650.000 преземања само во САД.
Од лансирањето, апликацијата достигна вкупно 17 милиони преземања ширум светот. Овој раст продолжува и покрај ограничувањата со кои се соочува сестринската апликација Тик-ток.
Апликацијата Lemon8, чие име е комбинација од зборот лимон и бројот осум, кој на англиски звучи како лимонада, полека се пробива во Велика Британија, каде што пристигна во февруари.
Европската комисија им забрани на вработените да користат ТикТок од безбедносни причини
Lemon8 е опишан како вкрстување помеѓу Instagram и Pinterest и „место за младите креативци да споделуваат разновидна содржина“ со фокус на производите и истакнување на содржината од одредени категории на производи, вклучувајќи мода, шминка, храна и патувања.
Објавените фотографии со истакнат пропратен текст оставаат впечаток на насловна страница на списание или визуелно решение за реклами.
Доаѓањето на западниот пазар е драматичен потег за малку позната апликација, а сè укажува дека овој бран е поддржан од платеното присуство на одредени корисници со влијание, пишува порталот TechCrunch.
View this post on Instagram
Значи, се чини дека ByteDance сака да го турка Lemon8 на американскиот пазар, што може да биде потег што доаѓа во погрешно време.
Или можеби во идеален момент, доколку забраната за Тик-ток биде поопсежна и на овој начин новата апликација и обезбеди присуство на компанијата на американскиот пазар.
Како што објави Insider минатиот месец, ByteDance им плаќал на индивидуалните корисници да објавуваат содржина на мрежата Lemon8 како дел од поширокиот план за развој на платформата.
Плаќањето автори на содржина е дел од промотивна кампања, а таквата тактика за стекнување нови корисници не е невообичаена во светот на социјалните медиуми. Исто така, многу луѓе споделија позитивни впечатоци за апликацијата на Tik-Tok, што доведе до повеќе преземања на новата апликација.
Досега, големите брендови сè уште не се нашле во апликацијата. Се појавија лажни сметки на одредени брендови бидејќи Lemon8 моментално нема можност за проверка.
Експертите за маркетинг на социјалните медиуми истакнуваат дека новата апликација и нејзиниот фокус на содржината генерирана од корисниците може да биде особено корисна за малите бизниси.