ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
19.12.2022
L’Equipe вклучи тројца Хрвати и само еден Французин во идеалниот состав на СП, контроверзен избор на напаѓачи
Автор: Goce Author

ФИФА се уште не ги објави имињата на 11-те фудбалери кои ќе се најдат во најдобриот тим на Светското првенство во Катар, а додека ги чекаме официјално најдобри фудбалери, сите големи светски портали ги објавија своите идеални тимови.

Најинтересен избор направи угледниот француски Л’Екип, кој во идеалниот тим на Мундијалот во Катар вклучи дури тројца Хрвати.

Интересно е што Французите во идеалниот состав вклучија само еден свој играч, иако се светски вицешампиони. Заедно со Хрватска, по три претставници во идеалниот тим имаат и Аргентина и Мароко.

Угледниот француски весник го рангираше хрватскиот голман Доминик Ливаковиќ пред Аргентинецот Емилијано Мартинез, кој ФИФА го прогласи за најдобар голман на Светското првенство.

На неговото место на позицијата лев стопер дојде Јошко Гвардиол, а до него е Мароканецот Роман Саис. Десен бек е сонародникот на Саис, Ахраф Хакими, а на левата страна е поставен Аргентинецот Маркос Акуна.

Во средниот ред се хрватскиот капитен Лука Модриќ, Мароканецот Софијан Амрабат и официјално најдобриот млад играч на турнирот, Аргентинецот Енцо Фернандез.

Најдобриот играч и најдобар стрелец на турнирот, Аргентинецот Лионел Меси и Французинот Килијан Мбапе се во нападот, а третото место во нападот е прилично контроверзно – новинарите на L’Equipe се одлучија за Англичанецот Букаја Сака.

Предизвиците на боречките вештини преку призмата на поранешниот државен првак
Во Виница свечен пречек за бронзениот кик-боксер Лука Змејковски