ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
10.08.2022
„Лесна“ лозинка – рај за хакерите
Автор: Goce Author

Изборот на лозинка за профилите на социјалните мрежи не е нималку наивна работа, иако сите нхие понекогаш се ноднесуваме токму така – наивно. А тоа е најдобро – за хакерите.

Кога  се креира лозинка за нова сметка, луѓето треба да бидат што е можно покреативни за да спречат некој да ги хакира нивните онлајн профили. Но, се чини дека луѓето претпочитаат да се држат до некои појасни и едноставни лозинки. Новото истражување покажа дека оние кои го користат името на домашно милениче како инспирација за нивната лозинка се изложени на најголем ризик од загрозување на нивната сметка, пренесува Mirror.

Бројките покажуваат дека 47 отсто од луѓето кои користеле име на животно како лозинка ја изгубиле својата сметка од хакери, во споредба со 26 отсто кои користеле име на дете или 15 отсто кои користеле име на родител.

Оваа ситуација често се случува поради прекршување на податоците. Бидејќи безбедноста на сметката е едно од најкритичните прашања за секој кој работи онлајн, сакавме да откриеме како тоа влијае на корисниците на најпопуларниот интернет прелистувач, Google Chrome“ – објасни експерт од компанијата Beyond Identity, која спроведе истражување.

Послаба лозинка е поголема изложеност на ризик од хакерите

Додека бејби бумерите имаат најслаби лозинки, тие имаат најмалку шанси да им биде хакиран профилот. Од друга страна, милениумците имаат најмалку слаби лозинки, но најмногу компромитирани. Исто така, откри дека Гугл смета дека корисниците кои одбрале автоматски да ги складираат своите лозинки се повеќе изложени на ризик. Тие имаат тенденција да користат послаби лозинки од оние кои не ги чуваат автоматски лозинките.

Photo by Andy Vult on Unsplash

Постојат безбедносни предупредувања за лозинка кои ги известуваат корисниците кога нивните лозинки и сметки се компромитирани и достапни за хакерите. Но, истражувањето покажа дека бејби бумерите имаат 26 проценти поголема веројатност да бидат загрижени за безбедносните предупредувања.  Gen Z има 24 проценти поголема веројатност да бидат вознемирени од безбедносните предупредувања.

По нивното истражување, истражувачите ги охрабруваат луѓето брзо да реагираат на безбедносните предупредувања. Најдобар одгвовор е промена на лозинката и зголемување на нејзината сложеност.

Најважните податоци за вас се на вашиот компјутер – заштитете ги

Лозинките се важен фактор за заштита на онлајн сметките. Поставките за автоматско зачувување на Google Chrome би можеле да ги олеснат работите за корисниците. Но исто така би можеле да ги олеснат работите за хакерите доколку зачуваните лозинки не се доволно силни. Нашето истражување покажува дека повеќето млади луѓе сепак одговараат на безбедносните предупредувања со промена на лозинката. Тоа навистина и е  важно“, велат од истражувачкиот тим.

Патувачки пропусници за Европа за млади до 18 години
Користењето на дигитални алатки – нов пристап за образованието