ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
02.12.2021
Летачката играчка со која може да започнеш видеографска кариера

DJI mini 2 беше пуштен во продажба уште пред една година, но како што старее технологијата, овој дрон сеуште седи на тронот на најдобар дрон во неговата класа.

Популарноста на овој дрон доаѓа од неговиот изглед, тој се собира во мала форма и можете да го носете во џеб, како и тоа што тежи точно 245грама, за што нема да ви биде потребно да го регистрирате, ниту пак  дозволи за летање ви се потребни.

За цена од околу 490 ЕУР кај нас, добивате летечка камера до 10 km далечина, со 4k на 30 fps или 2.7k na 60fps резолуција, со која комотно можете да снимите и реклама со продукциски квалитет доколку се среди малку снимката во постпродукција.

 

Зум опцијата на дронот е всушност кроп (crop) опција, која само дигитално ја сечи снимката, но секако не е за потценување затоа што е прилично квалитетна снимката за стар дрон за околу 30 000 денари.

Дронот е толку лесен за употреба што би можело и дете да сними добри кадри со лесен интерфејс, далечинската конзола се приклучува на секаков смарт телефон и можете да почнете со снимање. Исто така е и многу тивок за работа, дури нема да го приметите како зуи на вашата семејна прослава. Секако има повеќе опции за батерии но батеријата со која доаѓа во пакетот ви е повеќе од доволна, со неа можете да снимите пола час активно снимање , но доколку многу го оддалечите дронот од вас, а ви снемува батерија , тој самиот си има опција return to home при што сама се вклучува и сам се враќа кај вас.

 

Одличен подарок за нова година или старт на една видеографска кариера…

14 држави го тужат TikTok
Топ 5 најпопуларни видео игри на компјутер