ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
07.06.2022
Лето: Внимавајте на симптомите од топлотен удар
Автор: Goce Author

Во текот на летните месеци поминуваме повеќе време на отворено и често сме изложени на ризик од топлотен удар.

Важно е да се научи разликата меѓу топлотен удар и исцрпеност од топлина, а разликата е во симптомите. Ако ги препознаете симптомите можете подобро да се заштитите или да спречите поголеми компликации.

Photo by Jake Givens on Unsplash

Кога некоја личност има топлотен удар телесната температура може да порасне и до 40 степени. Симптомите вклучуваат и збунетост, нејасен говор, обилно потење или топлина, сува кожа и губиток на свест.

Овие симптоми се сметаат за многу сериозни и ако ги забележи некоја личност мора веднаш да се обрати во итната медицинска помош.

Што се однесува на исцрпеноста од топлина таа се јавува во текот на летото и е предизвикана од средна дехидрација, носење на тешка и припиена облека или консумирање алкохол.

Работи кои можат да влијаат на тоа да имате топлотна исцрпеност или топлотен удар:

  • Период – децата помали од четири години и старите постари од 65 години имаат зголемен ризик. Кај нив е намалена способноста за регулација на телесната температура.
  • Лекови – некои лекарства можат да ја намалат способноста на телото долго време да остане хидрирано, а дехидрација доведува до топлотен удар.
  • Зголемена телесна тежина – телото задржува топлина ако личноста има вишок на килограми и може да биде потешко да се разлади организмот.
  • Нагли промени на температурата – доколку често се движите од ладна во топла просторија телото можеби ќе има проблем да се прилагоди на тие промени и ќе ви биде проблем да се регулира температурата на телото.

Како да се заштитите?

  • Останете хидрирани – пијте повеќе од две чаши вода секој еден час доколку сте на сонце.
  • Избегнувајте алкохол и кофеин во тек на активности на отворено
  • Во топлите денови поминувајте повеќе време на затворено и климатизирано
  • Не поминувајте време надвор кога е најтопло
  • Носете светла и лесна облека
  • Туширајте се со ладна вода
  • Правете почести паузи кога сте на отворено
  • Не ги оставајте вашите деца или миленици во автомобил на сонце
Воздухот значително загаден и во градинките и школите
Нутриционистка: „Здравиот начин на слабеење е најдобар избор“