ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
20.02.2022
Летови со кои не патувате никаде ги спасуваат авиокомпаниите
Автор: Goce Author

Летови кои не одат никаде е нов начин авиокомпаниите да не пропаднат целосно, а за туристите можност за разгледување на некои дестинации од авион.

Од самиот почеток на пандемијата, многу авиокомпании ги „паркираа“ своите авиони, а за да не пропаднат целосно, мораа да најдат алтернативни начини за финансирање. Еден таков нов приход е летање со авион што не ве носи никаде.

„Летови кои не одат никаде“ е акција која се повеќе авиокомпании ја воведуваат во својата секојдневна пракса. Станува збор за организирање летови кои почнуваат и завршуваат на истиот аеродром. Пред пандемијата, идејата за авиокомпании да рекламираат летови во кои патниците слетуваат на истото место од каде што полетале би била речиси незамислива.

Во Јапонија, Сингапур и Австралија, едночасовните или двочасовните летови кои се враќаат на домашниот аеродром станаа многу популарни меѓу луѓето кои сакаат да патуваат со авион, каде што патниците практично само „летаат“ со авион.

Оваа идеја, колку и да звучи бесмислено, отвори сосема нови хоризонти за многу авиокомпании кои се борат да опстанат. Во Украина, на пример, има се повеќе компании кои со авион ја организираат обиколката на Чернобил, каде со низок лет може да се посети целиот терен на поранешната нуклеарна катастрофа.

Се повеќе празни авиони над Европа

Во блиска иднина се очекуваат сè повеќе вакви летови, а секој од нив ќе трае најмногу 3 часа. На тој начин туристите ќе можат да посетат некои дестинации, барем од авиони, а авиокомпаниите на некој начин ќе имаат сигурна егзистенција.

Овие летови им понудија уникатни можности на патниците кои го пропуштија искуството со летање и возбудата на патувањето, овозможувајќи и на компанијата да остане во бизнисот, да ги одржува авионите активни и во исто време да го промовира националниот туризам.

Вештачката интелигенција и лекувањето на вируси
Пилула за слабеење наместо напорно вежбање?