ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
08.02.2023
„Мајкрософт“ ја претстави новата верзија на Бинг засилена со ChatGPT
Автор: Goce Author

„Мајкрософт“ ја објави новата верзија на својот пребарувач Бинг, кој сега го вклучува и најновото од вештачката интелигенција. Пребарувачот е засилен со технологијата на јазичниот модел ChatGPT, пренесе Би-би-си. Овој потег е убедливо најголемата закана што „Гугл“ ја видел за време на својата доминација во интернет-пребарувањето и го означува почетокот на трката за вооружување со вештачка интелигенција меѓу технолошките компании.

„Трката започнува денес“, рече шефот на „Мајкрософт“, Сатја Надела. Развиен од „ОпенАИ“, компанија поддржана од „Мајкрософт“, ChatGPT при пребарувањето користи техники за длабоко учење за да генерира одговори што би ги дале луѓето. Надела изјави дека смета оти јазичниот модел е подготвен да ја промени природата на онлајн пребарувањето и интеракциите со многу други софтвери.

Бинг сега, при пребарувањето, ќе одговара подетално на прашањата, наместо само да нуди линкови на веб-сајтови. Корисниците, исто така, можат да разговараат со ботот за подобро да ги приспособат нивните прашања.

Новата верзија на Бинг е веќе лансирана, со ограничен број на пребарувања за секој човек. Објавата доаѓа еден ден откако „Гугл“ го најави својот нов чет-бот, наречен Бард. „Мајкрософт“ минатиот месец објави дека ја продолжува соработката со „ОпенАИ“ во повеќегодишна инвестиција од неколку милијарди американски долари. ChatGPT сега е вклучен и во премиум верзијата на платформата за пораки Мајкрософт Тимс.

14 држави го тужат TikTok
Топ 5 најпопуларни видео игри на компјутер