
11 члена македонска експедиција викендов го искачи Ајланд Пик на Хималаите, висок 6.189 метри. Дел од екипата се струмичанецот Благој Ѓузелов, велешанецот Тодорче Ѓоргиев, битолчанецот Горан Дамевски. Честитки до сите, посебно до Богољуб Петрoски – Боге од Скопје, познат на редакцијата.

Благој Ѓузелов, е третиот струмичанец кој се искачил на еден од врвовите на Хималаите, по Серафим Серафимовски во 1989 година и во 2009 година и неговата ќерка Билјана Серафимовска, која на 18-годишна возраст е најмладата од Европа што го освоила врвот Ајланд Пик. Ѓузелов е искусен планинар кој ги освоил сите врвови на планините во Македонија, бил дел од алпинистички експедиции во Франција, Италија, Турција, Иран.