ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
31.10.2023
Македонци го освоија врвот на Хималаите
Автор: Goce Author

11 члена македонска експедиција викендов го искачи Ајланд Пик на Хималаите, висок 6.189 метри. Дел од екипата се струмичанецот Благој Ѓузелов, велешанецот Тодорче Ѓоргиев, битолчанецот Горан Дамевски. Честитки до сите, посебно до Богољуб Петрoски – Боге од Скопје, познат на редакцијата.

Македонците стигнаа на Ајланд Пик на Хималаите со песната „Едно име имаме“ , објави порталот Струмица денес.

Благој Ѓузелов, е третиот струмичанец кој се искачил на еден од врвовите на Хималаите, по Серафим Серафимовски во 1989 година и во 2009 година и неговата ќерка Билјана Серафимовска, која на 18-годишна возраст е најмладата од Европа што го освоила врвот Ајланд Пик. Ѓузелов е искусен планинар кој ги освоил сите врвови на планините во Македонија, бил дел од алпинистички експедиции во Франција, Италија, Турција, Иран.

 
Експедицијата составена од 10 алпинисти го заврши својот подвиг кој започна на 12 октомври од плоштадот во Струмица. Авантурата им траела 12 дена, а враќањето во Македонија е најавено за 7 ноември.

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?