
Обично сметаме дека македонците имаат високо ниво на интелигенција, но ова раниграње не вели така. Веб-страницата World Population Review објави мапа по просечен коефициент на интелигенција. Според овој вебсајт Македонија е претпоследна на оваа листа и се разликува само со 0,16 процентни поени во однос на последно рангираната Албанија.

Јапонците се на прво место на оваа листа – нивниот просечен коефициент на интелигенција е 106,48. Следат Тајван (106,47), Сингапур (105,89), Хонг Конг (105,37), Кина (104,1), Јужна Кореја (102,35), Белорусија (101,6), Финска (101,2), Лихтенштајн (101,07), Германија (100,74). .
Најнискиот коефициент на интелигенција беше измерен во Нигерија (67,8). Пред неа се Етиопија (68,4), Бангладеш (74,3), Кенија (75,2), Индија (76,2)…
Во Македонија просечниот коефициент на интелигенција е 81,91. Во Европа понизок коефициент на интелигенција од Македонија има само Албанија и тоа 81,75. Во Хрватска е 95,75, во Србија 89,6, а во Црна Гора 85,78.
Количникот на интелигенција е вкупниот резултат добиен од збир на стандардизирани тестови или поттестови наменети за проценка на човечката интелигенција. Во овој случај, поттестовите вклучуваат проценка на знаењето и читањето по математика и природни науки. Целосната мапа можете да ја видите овде.