
Иновативноста значи да се бараат нови начини да се прават работите. Иновација е да се наоѓаат решенија за проблемите на начин на кој досега не се најдени. Од иновацијата во многу нешто зависи развојот на државите. Глобалниот инвоациски индекс ја мери иновативноста на државите во светот според седум критериуми – бизнис софистицираност, човечки капитал и истражување, институции, инфраструктура, пазарна софистицираност, знаење и технологија и креативност.
За жал, Македонија е една од нај не иновативните држави во Европа. Според овој индекс од Македонија полошо рангирани во Европа се само Албанија и Белорусија, а Босна и Херцеговина е речиси на исто ниво како нас.

Во светски рамки Помалку иновативни од Македонија се државите од Африка, дел од државите во средна Америка и мал дел од државите во Азија. Според овој индекс нај иновативна држава е Швајцарија и овој примат го држат 12 години пред Соединетите Американски Држави. САД трошат убедливо најмногу пари на истражување и развој. Тие трошат 700 милијарди годишно во развојот на иновациите и истражувањата. Четири од петте компании кои трошат најмногу за развој и истражување се од САД – Амазон, Алфабет (Гугл), Мајкрософт и Епл. Не е ни чудо што САД долги години има најголема економија во светски рамки, а и најголем дел од иновативните продукти доаѓаат токму од таму.


Според оваа листа Европа е лидер во светот по иновативноста. 15 од топ 25 светски економии се наоѓаат во Европа. И покрај овие факти Македонија за жал е една од најслабо рангираните држави по иновации. Најлошо рангиран континент е Африка. Овде подобро рангирани од Македонија се Јужна Африка, Маурициус, Мароко и Тунис.
