ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
16.05.2024
Македонците јадат 2,5 пати повеќе сол од препорачаното
Автор: Goce Author

Светската здравствена организација (СОЗ) препорачува дневен внес на сол во организмот не повеќе од 5 грама на ден, а во Северна Македонија просечен дневен внес на ден е 12,1 грам, соопшти Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Оттаму даваат перпораки по повод Неделата за подигнувањето на свесноста за солта.

„Овогодинешната тема на Неделата за подигнување на свесноста за солта е „Време е да се сврти вниманието на солта”, при што се истакнува прашањето за „скриената” сол (натриум) во многу преработени и ултра-преработени производи. Во многу земји, три четвртини од натриумот во исхраната доаѓа од ултра-преработена и преработена храна, како што се леб, сосови и преливи, крекери и колачиња, готови оброци, преработки од месо и сирења. Институтот за јавно здравје, како „чувар на Вашето здравје”, ви препорачува да го ограничите внесот на солта на 5 или помалку од 5 грама дневно“, наведено е во објавата на ИЈЗ.

Испитните сесии причина за несоница кај студентите – како да се справиме?
Пушењето кај младите во Македонија – сериозна закана за здравјето и иднината