ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
06.08.2022
Македонецот Ѕвонко Станојоски играше против актуелниот светски шампион во шах Магнус Карлсен

Ѕвонко Станојоски од Македонија одигра одлична партија против актуелниот светски шампион во шах, и потенцијално еден од најдобрите шахисти на сите времиња Магнус Карлсен, од Норвешка.

Ѕвонко го принуди Магнус да игра една тешка партија на која после 55 потези имаше две кралици на таблата. Натпреварот го играа во рамките на шаховската олимпијада во Индија, а Македонија ја претставуваат четворица олимпијци.

После натпреварот Ѕвонко истакнал дека можел да изигра и подобра партија против актуелниот светски шампион.

Станојоски е роден 1964 година, а за Македонија не се наптреварувал во четири олимпијади, а претходно ја претставувал Македонија од 1994 до 2010 година.

Во рамките на тимот на Македонија настапуваат и Лазаров Тони, Николовски Никола и Велјановски Андреј.

Магнус Карслен е еден од најдобрите шахисти на сите времиња заедно со Карпов и Каспаров, а со оглед на тоа дека е многу млад се верува дека е сосема возможно да се смета и за најдобар шахист на сите времиња. Тој е роден 1990 година.

Карлсен самиот стана легенда, за него се направија многу филмови и веќе се смета за шаховска ѕвезда. Карлсен на 13 годишна возраст го победи Карпов.

Станојоски, од друга страна, е велемајстор од Македонија. Велемајстор стана во 2004 година, а двапати го има освојувано македонскиот шампионат во шах.

Во продолжение погледнете ја оваа историска партија за Македонија.

 

 

 

Предизвиците на боречките вештини преку призмата на поранешниот државен првак
Во Виница свечен пречек за бронзениот кик-боксер Лука Змејковски