ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
07.08.2024
Македонија има најбрз интернет во регионот
Автор: Goce Author

Македонија има најбрз интернет во регионот, а е меѓу подобро рангираните земји и во Европа, покажува истражувањето на Cable.co.uk, што го објави статистичкиот портал „Ландгеист“.

Фото: Landgeist

Со брзина на интернет конекциите од 97,9 Mbps, Македонија е пред Словенија, 97,0 Mbps, Србија 60,5 Mbps, Косово 57,3 Mbps, Грција 53,9 Mbps, Црна Гора 49,5 Mbps, Босна и Херцеговина 44,0 Mbps и Бугарија 40,4 Mbps.

Најбрз интернет во Еропа има на островот Џерси (264 Mbps) лоциран меѓу Велика Британија и Франција, во Лихтенштајн 246,8 Mbps и во Исланд 229,4 Mbps.

Во Франција брзината на интернетот е 152.5 Mbps, во Холандија 142,5 Mbps, во Шпанија 133,3 Mbps, а во Германија 81,7 Mbps.

Жените во Македонија се мажат најмлади во регионот

Најбавен интерен во Европа имаат Хрватска 25,7 Mbps, Албанија 25,4 Mbps и Турција 24,8 Mbps.

Податоците на Cable.co.uk се базираат на анализира на над 1,5 милијарди тестови за брзина на широкопојасен интернет во 229 земји, во текот на 12 месеци, завршувајќи на 30 јуни 2024 година

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?