ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
26.05.2023
Македонија една од земјите со најголем процент на пушачи во Европа
Автор: Goce Author

Македонија е една од земјите со највисока преваленца на пушење тутун во европскиот регион на СЗО. Речиси половина од возрасната популација пуши редовно цигари, а 70% од нив започнале да пушат на возраст до 21 година. Пушачите, просечно пушат по 18 цигари на ден – речиси по една кутија.

Ова се дел од наодите од Студиите за бихевиоралните и културолошки аспекти за употребата и откажувањето од тутунот во земјава, како и презентација на Случајот со инвестициите во тутунот во Македонија.

Студиите се изработени од страна на локалната канцеларија на СЗО, Министерството за здравство (МЗ), Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) и Програмата за развој на Обединетите Нации. Наодите беа презентирани на денешниот настан, кој пак е организиран во пресрет на Светскиот ден без тутун, 31 мај.

Статистика: Цигарите се заменуваат со марихуана?

„Студиите покажуваат дека пушењето и употребата на тутун во нашата држава е на загрижувачки високо ниво, односно половина од населението пуши цигари секојдневно. Во таа насока, со нашите партнери, разгледуваме и креирање нови, специфични активности за поддршка на спроведувањето на Рамковната конвенција за контрола на тутунот, врз основа на ставовите на здравствените работници и на населението“, изјави Mинистерот за здравство, Фатмир Меџити.

Наодите од истражувањето ќе послужат како основа за препораки засновани на докази за намалување на потрошувачката на тутун во земјата. Наодите за увид во однесувањето и културата се дел од поширока група активности за подобрување на политиките за контрола на тутунот и нивното спроведување во Македонија.

 

проф. д-р Ивица Смоковски: Дијабетесот е пандемија со многу засегнати лица
Воздухот значително загаден и во градинките и школите