ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
13.01.2026
Македонија воведува најстрог закон против пушење досега: што точно се менува и кого ќе погоди?

Република Северна Македонија подготвува радикален пресврт во борбата против пушењето. Новиот Предлог-закон за заштита од пушење, кој ќе почне да се применува од 1 март 2026 година, не само што ја проширува забраната за пушење, туку воведува и целосна војна против никотинот – во просторите, медиумите, продавниците и културата.

Ова не е само закон за цигари. Тој ги опфаќа електронските цигари, вапингот, загреаниот тутун, никотинските кесички и сите уреди што создаваат пареа или чад.

Илустрација: ВИ

1. Каде веќе нема да смее да се пуши?

Новите правила го прават речиси невозможно да се пуши во секојдневниот јавен живот.

Пушењето ќе биде забрането во:

  • сите кафулиња, ресторани, барови и дискотеки
  • сите работни места, канцеларии и фабрики
  • таксија, автобуси, возови, авиони
  • студентски домови, факултети, школи, градинки
  • аеродроми, станици, пазари, трговски центри
  • згради на општини, судови, министерства
  • дури и во сопствен автомобил ако внатре има дете

Дозволено ќе биде пушење само:

  • на отворени тераси што се отворени од најмалку 3 страни
  • без стакла, фолии или пластични прегради
  • и физички одделени од непушачкиот дел

Ова е крај на „полузатворените“ тераси со најлони и греалки што досега беа легална дупка.

2. Крај на културата на пушење на интернет

Законот оди многу подалеку од просторите – тој ја таргетира и поп-културата.

Се забранува прикажување на пушење во:

  • Интернет просторот воопшто
  • подкасти
  • видеоигри
  • инфлуенсерски содржини
  • телевизиски емисии

Освен ако не е уметнички неопходно за возрасна публика – и дури и тогаш мора да има предупредување дека пушењето е штетно.

Ова значи дека инфлуенсер со vape во кадар станува незаконоско. Ова до сега беше редовна пракса. Инфлуенсерите постојано пушеа за време на емисии.

3. Забранети се и вкусовите – goodbye strawberry vape

Сите ароми и вкусови се забрануваат:

  • ментол
  • овошје
  • слатки
  • ванила
  • јагода
  • сите освен „вкус на тутун“

Ова важи и за:

  • цигари
  • електронски цигари
  • течности
  • никотински кесички
  • загреан тутун

Ова директно го погодува најпопуларниот никотин кај младите.

4. Како ќе изгледа купувањето цигари?

Забрането е:

  • да се продаваат цигари на парче
  • да има автомати
  • да има онлајн продажба
  • да бидат изложени на полици
  • да има реклами или брендирање

Продавачот смее само да има црн список на бела хартија со име и цена .

Ако кафуле дозволи пушење:

  • казна до 5.000 евра
  • затворање на локалот до 3 месеци

Ако граѓанин пуши каде што не смее:

  • 100 евра веднаш
  • до 300 евра преку суд

Дури може да добиеш и општествено корисна работа како казна.

4. Како стои Македонија во споредба со регионот и Европа?

Земја Кафулиња Вапинг Вкусови Реклами Инфлуенсери
Србија Пушење дозволено Да Да Делумно Да
Хрватска Посебни пушачки простории Да Да Делумно Да
Словенија Многу строга Да Да Забранети Да
Германија По покраини Да Да Делумно Да
Македонија (нов закон) ❌ Нема пушење ❌ Забранет ❌ Забранети ❌ Целосна ❌ Забранети

Македонија со овој закон станува по рестриктивна и од Германија и од Словенија.

Ова е блиску до моделот на Австралија и Нов Зеланд.

Новиот Предлог-закон за заштита од пушење не е „балканска верзија“ на европските правила – тој е речиси целосно преземен од најрестриктивниот јавно-здравствен модел во ЕУ и Светската здравствена организација (СЗО).

Во суштина, Македонија со овој закон излегува од балканската пракса и влегува во таканаречениот tobacco endgame” модел – стратегија што ја користат земји како Словенија, Ирска, Финска, Холандија и Нов Зеланд, каде целта не е „помалку пушење“, туку постепено исчезнување на пушењето од општеството.

Тоа јасно се гледа од структурата на законот: тој не се фокусира само на заштита од чад, туку го таргетира целиот екосистем на цигарите – од кафулиња и улици, до TikTok, фестивали и студентски домови.

Законот е најблиску до она што во Европа се нарекува comprehensive smoke-free policy – модел што не дозволува:

  • пушачки простории,
  • пушачки тераси затворени со најлони,
  • „vape-зони“,
  • ни културно прикажување на пушење како нормално однесување.

Ова е истата логика што ја користи Словенија:
нема „делумно дозволено“, туку или е забрането или не е.

Но македонскиот предлог оди дури и чекор подалеку од Словенија, затоа што:

  • забранува вкусови во вапинг и никотински производи,
  • забранува инфлуенсери и онлајн содржини да прикажуваат пушење,
  • забранува тутунската индустрија да спонзорира култура, спорт или настани.

Тоа е типично за земји како Финска и Холандија, каде тутунот е третиран како социјално штетен производ, слично на дрога или коцкање.

Кочани ќе одбележи една година од големата трагедија
Студирање и работење – секојдневие за студентите