ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
25.05.2023
Македонија 39-та на листата на најмизерни земји
Автор: Goce Author

Најмизерни земји во светот се Зимбабве, Венецуела, Сирија, Либан, Судан….Македонија е на 39 место на листата на најмизерни земји на Стив Ханке.

Стив Ханке, професор по применета економија на Универзитетот Џон Хопкинс, составил листа на „најмизерните“ земји во 2022 година.

Резултатите се нивото на невработеност (помножено со два), инфлацијата и стапките на кредитирање на банките минус годишната процентуална промена на реалниот БДП по глава на жител. На првото место на листата на Ханке е Зимбабве, чиј „индекс на мизерија“ е 414,7. Како најголем фактор за лошата состојба во оваа земја се наведува инфлацијата.

Македонијна се најде на 39 место на најмизерни со индекс на мизерија од 50,4, а како најголем проблем се наведува невработеноста. На листата, од земјите од регионот, „помизерни“ се само Босна и Херцеговина на 18 место и Црна Гора на 34-то. Србија е на 54-то место, Албанија на 97-мо, Хрватска на 98-мо и Словенија на 118-то место.

Комплетната листа, која содржи 157 земји, можете да ја погледнете овде. Последното место го зазеде Швајцарија. Нејзиниот „индекс на мизерија“ е 8.518.

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?