ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
14.07.2025
Македонија шампион на Dota 2 турнирот во Приштина – нов успех за е-спорт репрезентацијата 
Автор: Goce Author

Македонската е-спорт репрезентација испиша уште една златна страница во дигиталната спортска историја! Нашите Dota 2 шампиони го освоија престижниот меѓународен турнир што викендов се одржа во Приштина, при што не загубија ниту еден натпревар до самото финале.

Во групната фаза, македонските гејмери доминираа убедливо, совладувајќи ги ривалите од Хрватска, Грузија, Унгарија и Белорусија. Во елиминациската фаза, нашите момци продолжија во ист ритам – со две сигурни победи над Романија и повторно над Белорусија.

Фото: Македонска Eспорт Федерација

Финалето донесе нова пресметка со селекцијата на Белорусија, која се врати во игра преку „lower bracket“ системот со втора шанса. Но, и покрај тоа, македонската екипа беше поуспешна и во финалето со резултат 2:1, потврдувајќи дека моментално нема рамни на Балканот и пошироко.

Победничкиот тим беше составен од петмина извонредни играчи:

  • Ристе Нелоски

  • Дамјан Јордановски

  • Александар Ивановски

  • Игор Стојков

  • Стефан Станојковски

Освен шампионскиот пехар, тие обезбедија и директен пласман на следното големо натпреварување – Светското првенство во е-спорт.

Овој триумф е уште една потврда дека македонската е-спорт сцена расте со полна пареа. Само потсетување: CS:GO репрезентацијата на Македонија веќе има златен медал од Европското првенство во Орадеа (2022), како и две светски титули – во Бали, Индонезија (2022) и Ејлат, Израел (2021).

Со вакви резултати, Македонија сè посериозно се наметнува како сила во светот на е-спортот!

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?