
Република Северна Македонија подготвува радикален пресврт во борбата против пушењето. Новиот Предлог-закон за заштита од пушење, кој ќе почне да се применува од 1 март 2026 година, не само што ја проширува забраната за пушење, туку воведува и целосна војна против никотинот – во просторите, медиумите, продавниците и културата.
Ова не е само закон за цигари. Тој ги опфаќа електронските цигари, вапингот, загреаниот тутун, никотинските кесички и сите уреди што создаваат пареа или чад.
Новите правила го прават речиси невозможно да се пуши во секојдневниот јавен живот.
Пушењето ќе биде забрането во:
Дозволено ќе биде пушење само:
Ова е крај на „полузатворените“ тераси со најлони и греалки што досега беа легална дупка.
2. Крај на културата на пушење на интернет
Законот оди многу подалеку од просторите – тој ја таргетира и поп-културата.
Се забранува прикажување на пушење во:
Освен ако не е уметнички неопходно за возрасна публика – и дури и тогаш мора да има предупредување дека пушењето е штетно.
Ова значи дека инфлуенсер со vape во кадар станува незаконоско. Ова до сега беше редовна пракса. Инфлуенсерите постојано пушеа за време на емисии.
Сите ароми и вкусови се забрануваат:
Ова важи и за:
Ова директно го погодува најпопуларниот никотин кај младите.
Забрането е:
Продавачот смее само да има црн список на бела хартија со име и цена .
Ако кафуле дозволи пушење:
Ако граѓанин пуши каде што не смее:
Дури може да добиеш и општествено корисна работа како казна.
| Земја | Кафулиња | Вапинг | Вкусови | Реклами | Инфлуенсери |
| Србија | Пушење дозволено | Да | Да | Делумно | Да |
| Хрватска | Посебни пушачки простории | Да | Да | Делумно | Да |
| Словенија | Многу строга | Да | Да | Забранети | Да |
| Германија | По покраини | Да | Да | Делумно | Да |
| Македонија (нов закон) | ❌ Нема пушење | ❌ Забранет | ❌ Забранети | ❌ Целосна | ❌ Забранети |
Македонија со овој закон станува по рестриктивна и од Германија и од Словенија.
Ова е блиску до моделот на Австралија и Нов Зеланд.
Новиот Предлог-закон за заштита од пушење не е „балканска верзија“ на европските правила – тој е речиси целосно преземен од најрестриктивниот јавно-здравствен модел во ЕУ и Светската здравствена организација (СЗО).
Во суштина, Македонија со овој закон излегува од балканската пракса и влегува во таканаречениот “tobacco endgame” модел – стратегија што ја користат земји како Словенија, Ирска, Финска, Холандија и Нов Зеланд, каде целта не е „помалку пушење“, туку постепено исчезнување на пушењето од општеството.
Тоа јасно се гледа од структурата на законот: тој не се фокусира само на заштита од чад, туку го таргетира целиот екосистем на цигарите – од кафулиња и улици, до TikTok, фестивали и студентски домови.
Законот е најблиску до она што во Европа се нарекува “comprehensive smoke-free policy” – модел што не дозволува:
Ова е истата логика што ја користи Словенија:
нема „делумно дозволено“, туку или е забрането или не е.
Но македонскиот предлог оди дури и чекор подалеку од Словенија, затоа што:
Тоа е типично за земји како Финска и Холандија, каде тутунот е третиран како социјално штетен производ, слично на дрога или коцкање.