ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
29.10.2021
Македонската култура презентирана пред млади од Европа – на карибскиот остров Гвадалупе!

Минатите две недели, група млади од Штип имаа можност да бидат дел од Еразмус проектот насловен „Conseil de L’Union Europeene“, кој се одвиваше на Карибските острови. Проектот, организиран преку “Youth on board”  имаше за цел да ја презентира македонската култура пред другите групи млади кои доаѓаа од Бугарија, Франција, Латвија и Романија. Кристина Гаштарова, Тодор Марјановиќ, Благица Постолова, Никола Кристјан Ценов, Рената Пенчова, Даниел Веселинов и Спаско Алексов беа младите кои ја имаа честа да учествуваат во проектот и кои директно ни ја пренесоа сликата за искуството и спомените со кои се стекнале за време на ова патување, за кое велат дека им ги проширило хоризонтите во огромни размери.

 

“Како група на млади ја имавме честа да бидеме дел од прекрасен проект организиран на Карибските острови. Искуството да го видеме светот на островoт Гвадалупе е нешто кое ќе остане вмрежено во нашите мозоци. Имајќи ја можноста да го прошетаме целиот остров, да ги видиме неговите природно убавини сѐ од водопади, тропски шуми, вулкани па до прекрасни плажи кои го одзимаат твојот здив и те оставаат без зборови, се стекнавме со богато знаење. Од аспект на неформалната едукација се едуциравме за Европскиот Совет, начинот на кој функционира и неговите органи. Но, освен тоа можноста да го шетаме тоа егзотично место роди љубов и приврзаност за островот, доаѓајќи до моменти каде знаевме како тој функционира и бујниот животински свет во него.

Ова незаборавно искуството немаше да биде возможно без постоењето на “Youth On Board ” невладината организација која работи со млади и ги остварува нивните соништа со помош на најмоќната алатка – желбата да бидеш посебен.

 

Благодарение на нив освен со знаење се збогативме и со скапоцени мемории кои ќе ги ставиме во една имагинарна кутија чувајќи ги близу до нашето срце засекогаш.”, кажаа за Гоце.мк, младите од проектот.

Доколку сакате и вие да бидете дел од ваков проект и да се стекнете со едно магично искуство, веруваме дека “Youth on board” ќе ја овозможи таа прилика и на многумина други млади.

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?