ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
12.12.2022
Македонската репрезентација е двократен светски шампион во Кантерстрајк
Автор: Goce Author

Втор пат по ред, македонската репрезентација во Кантерстрајк (CS:GO) победи на светскиот турнир во втора категорија кој го организираше Меѓународната е-спорт федерација во Бали, Монголија од 7 до 11 декември. Во финалето нашите претставници го победија домаќинот Монголија со 3:1.

Фотографија од Македонска е-спорт федерација

„Северна Македонија се CS:GO шампиони“, објавија од Меѓународната е-спорт федерација на Твитер.

Ова е секако голема радост и поттик за сите гејмери во земјава и инспирација за помладите генерации. Нашите играчи беа толку добри што на претходните натпреварувања дури беа обвинувани дека хакираат што подоцна по официјалните проверки се испостави дека не е така.

Целото патешествие на нашата репрезентација на турнирот во Монголија може да се види на Фејсбук профилот на Македонската е-спорт федерација, додека видеата од самите игри може да се погледнат на Твич.

Текстот оригинално објавен на Мета.мк

 

Предизвиците на боречките вештини преку призмата на поранешниот државен првак
Во Виница свечен пречек за бронзениот кик-боксер Лука Змејковски