ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
18.07.2022
Македонски јазик конечно пред англискиот на државна матура
Автор: Goce Author

Македонски јазик со повисока оценка од англискиот на државната матура, после неколку години подобри познавања на матурантите по англиски.

На последното полагање државна матура, учениците покажаа подобри резултати на тестот по македонски јазик, одошто на оној по англиски јазик, што не беше случај до минатата година, информира за Мета.мк директорката на Државниот испитен центар, Елизабета Наумовска. До лани учениците секоја година подобри постигања покажуваа по англиски, одошто на испитот по македонски јазик.

Годинава просечната оценка по македонски јазик е 4,13 а по англиски јазик е 3,48. Констатиравме дека на испитот по англиски јазик има многу преписи од Интернет, односно учениците со своите смартфони пребарувале текстови и истите го пренесувале во тестот“, вели Наумовска.

Објективноста во проверката на знаењата на испитите кои се дел од државната матура, ќе се подобрат кога полагањата ќе се реализираат во поголеми простори. Веќе е најавено дека се планира полагање во спортски сали, со поголем број теестатори, смета директорката.

Во Демир Хисар, сите се познаваат. Кога еден тестатор ги чува учениците, многу е веројатно дека ќе дозволи да се препишува. Токму затоа е потребно поинаку да се организира полагањето за да се сведат на минимум препишувањата. Инаку генерално, во однос на полагањето на годинешниот матурски испит, се почитувало договореното, предметните комисии што ги правеа прашањата дале прашања кои се јасни и концизни, немало трик прашања. Опфатен беше целиот испитен материјал кој го поминале учениците“, информира директорката.

Англиски јазик прв избор на Државната матура

Инаку годинава, просечната оценка по математика беше 4,18, а предметот го полагале 1.200 ученици во државата. Од нив, 560 добиле петка, пишува мета.мк.

Средната оценка на екстерните испити од прелиминарните резултати годинава е 3,7. Со тоа е повисока во однос на лани кога изнесуваше 3,61.

Ќе има ли конечно учебници за странски јазици?
Филозофија и логика не се исклучени од концептот