ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
24.01.2022
Македонските навивачи се најдобрите во светот!

И покрај лошиот крај на македонската репрезентација на ЕП во ракомет, дефинитивно, ги имаме најдобрите навивачи во светот!
Европското првенство во ракомет, 2022 година, кое се одржува во Унгарија и во Словачка, е во тек. Ракометната репрезентација на нашата земја, ги заврши настапите на ЕП, по трите порази, забележан е и најлошиот пласман во историјата на континенталните собири. Нашата селекција заврши на 22.место од вкупно 24 учесници на ЕП.


И покрај поразот, ако од нешто треба да сме задоволни и горди од ова ЕП во ракомет, тоа веројатно се навивачите. Македонската „Фаланга“ на сите три натпревари во Дебрецин беше голем поддржувач на избраниците на Кире Лазаров.

Места во Македонија до кои се стигнува само по вода!

Нивното навивање и посветеноста кон својата земја и ракометари, не остана незабележано во очите на пошироката европска јавност.

Расмус Бојсен, дански ракометар, во еден од неговите статуси, листа на најдобри навивачи во светот, по крајот на групната фаза на ЕП, ги стави македонските навивачи на првото место.

Навивачите ги импресионираа сите

Натпреварот против Данска беше последен за нашата репрезентација. Поразот од Данска, не ги спречи нашите навивачи да покажат како се сака и се бодри својата репрезентација и во порази. Моментите по завршувањето на натпреварот ја импресионираа цела Европа. Песната на македонскиот дел од публиката не застана и доби аплауз од ракометарите, а тие – им се заблагодарија на поддршката во изминатиот период.

Ова е единствениот, наш турнир на Европските првенства на кои не впишавме ниту еден бод во групната фаза. Како последица на овој лош резултат, нашата земја, ќе игра два баража за пласман на Светското првенство во јануари, 2023 година.

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?