„Сакам книги“ веќе неколку месеци успешно ги запознава читателите со македонските автори со организирање на настанот „Сакам книги“ низ градовите во Македонија. На различни локациите, различен број на читатели имаат можност да се запознаат со македонски автори и да ги купат најпродаваните книги ширум светот.
Автори на текстот: Верица Милорадова и Кристина Бошнакова
Минатата недела „Сакам книги“ беа во Штип, а Гоце.мк разговараше со Далибор Трајков, македонски автор на книгата „Закопана вистина“.
Полицаец по професија, Далибор е автор кој живее и твори во Кавадарци. Вели дека љубовта кон пишаниот збор ја поседува уште од мали нозе.
Александар Николовски – автор на македонски трилери и мистерии
Во книгата „Закопана вистина“ ќе ја запознаете Софија, девојка која што работи во детективска канцеларија. Еден ден ќе се сретне со девојка која што има потреба од нејзина помош за да го пронајдат нејзиното бебе кое е дадено на посвојување. Тоа ќе ја натера Софија да ја открие потиснатата желба и да почне да го бара своето биолошко семејство. Што ќе се случува понатаму, ќе дознаете самите.
Настанот „Сакам книги“ ги зближува читатели со авторите и им дава можност да ги запознаат. Со тоа даваат акцент на македонската литература која што вреди да се прочита. Следниот град во кој ќе се одржи настанот на „Сакам книги“ е во Делчево на 23.11.2022 година.