ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
17.11.2022
Македонските писателите се повеќе препознатливи за читателите
Автор: Goce Author

„Сакам книги“ веќе неколку месеци успешно ги запознава читателите со македонските автори со организирање на настанот „Сакам книги“ низ градовите во Македонија. На различни локациите, различен број на читатели имаат можност да се запознаат со македонски автори и да ги купат најпродаваните книги ширум светот.

Автори на текстот: Верица Милорадова и Кристина Бошнакова

Минатата недела „Сакам книги“ беа во Штип, а Гоце.мк разговараше со Далибор Трајков, македонски автор на книгата „Закопана вистина“.

Далибор Трајков

Полицаец по професија, Далибор е автор кој живее и твори во Кавадарци. Вели дека љубовта кон пишаниот збор ја поседува уште од мали нозе.

  • „Во основно училиште пишував поезија. Потоа имаше период на стагнација, па во средношколските денови продолжив да пишувам раскази. Денеска сум автор на романот „Закопана вистина“. , вели Далибор.

Инспирацијата ја црпи од секојдневието и од коментарите на читателите.

  • „Секој коментар од читателите и секоја купена книга е поттик да продолжам да пишувам. Мислам дека тоа е исто кај секој друг автор. За жал читателите немаат доверба во македонските автори, но за наша среќа тоа се менува и оди во позитивна насока. Јас, како малку познат автор за македонската публика, од промоцијата во март, до денеска, имам две изданија од 600 книги, што можам да кажам дека е успех.“

Александар Николовски – автор на македонски трилери и мистерии


За што се зборува во книгата?

Во книгата „Закопана вистина“ ќе ја запознаете Софија, девојка која што работи во детективска канцеларија. Еден ден ќе се сретне со девојка која што има потреба од нејзина помош за да го пронајдат нејзиното бебе кое е дадено на посвојување. Тоа ќе ја натера Софија да ја открие потиснатата желба и да почне да го бара своето биолошко семејство. Што ќе се случува понатаму, ќе дознаете самите.

 

Настанот „Сакам книги“ ги зближува читатели со авторите и им дава можност да ги запознаат. Со тоа даваат акцент на македонската литература која што вреди да се прочита. Следниот град во кој ќе се одржи настанот на „Сакам книги“ е во Делчево на 23.11.2022 година.

 

 

 

Казните за злосторства над девојчиња и жени мора да се повисоки
Здравствени политики за сите