ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
05.12.2023
Македонските ученици остануваат меѓу најслабите на ПИСА тестирањата
Автор: Goce Author

Македонските ученици постигнаа пониски резултати од просекот на ОЕЦД (Организацијата за економска соработка и развој) на меѓународното ПИСА-тестирање во сите три полиња – читање, математика и наука, покажува најновиот извештај за 2022 година.

Од 81 држава, учениците од Македонија се на 71. место по јазична писменост, а на 61. место со знаење по математика, соопшти Министерството за образование и наука (МОН), објавувајќи ги резултатите од ПИСА 2022.

Ова е четврто учество на Македонија во ПИСА, преку Министерството за образование и наука. Претходно земјава беше дел од студиите во 2000, 2015 и 2018 година. Лани во април и мај 2022 беа опфатени 6.610 ученици од 111 средни училишта, каде во зависност од големината се тестираа од 35 до 155 ученици на македонски и албански јазик. Реализатор на студијата во Македонија е Државниот испитен центар. ПИСА тестирањето за првпат кај нас се реализираше електронски.

Јазикот не поврзаува со светот
Реформа во Агенцијата за квалитет во високо образование