ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
21.10.2024
Макфест 2024 – се е подготвено за старт

Макфест 2024 е пред нас, петок и сабота (25 и 26 октомври) се резервирани за најдобриот фестивал на забавна музика во Македонија.

На прес конференција во Штип беше објавено дека на сцената во НУ „Ацо Шопов“ во Штип ќе се појават 28 пејачи во двете фестивалски вечери. И годинава, изведувачите ќе бидат следени од оркестар во живо.

Според уметничкиот директор на Макфест, Роберт Саздов, годинава има рекорден број на пријавени песни .

-Мислам дека го направивме најдобриот избор на песни, оваа година имавме навистина , за последните години рекорден број на пријавени песни на фестивалот. Преклани кога почнавме во оваа постава, имаше помалку од 15 пријавени песни, лани имаше 56, оваа година има 76-77 песни. Интересот и кај естрадата и кај јавноста е се поголем, тоа се осеќа во воздухот едноставно – рече Саздов.

На прашањето дали за пејачите и за квалитетот на фестивалот е подобро што и годинава нема да има награди, Саздов рече дека се покажало дека ова е добар начин, затоа што доаѓаат и познати, етаблирани имиња, но и пејачи кои допрва сакаат да се докажуваат.

Макфест и годинава без награди за изведувачите

-Публиката сака да навива, да има свои фаворити, а ние и годинава одиме без  награди, што не значи дека ако останеме истата постава догодина или некоја наредна година , ако процениме, дека би ги вратиле наградите.

-Интензивно се работи на поставување на сцената и сценографијата, која што претходно беше дизајнирана од стручни лица. Очекуваме еден добар, масовно посетен фестивал, очекуваме недела на Макфест во Штип, кој ќе живее со хитовите и рефрените од досегашните изданија на фестивалот, а се надеваме по завршувањето на годинешното, 39-то издание на Макфест, македонската забавна сцена ќе биде побогата за уште дваесетина такви хитови – изјави Александар Арсовски, дел од организациониот тим ан Макфест.

-Задоволен сум, како да е, секогаш нели може подобро, се трудиме секоја година да биде се подобро и подобро, иако ни е ограничен бројот на автори и изведувачи на нашата естрада, тие се тие што сите ги знаеме. Но, понекогаш мораме и ние да им дадеме една поддршка, да направат подобра песна, и да разберат колку тоа значи на македонската естрада, дека не е само о бичен фестивал, туку е бренд кој е дупло постар од некои изведувачи кои ќе ги видиме – изјави пејачот Јован Јованов.

Здравствени политики за сите
Институционалното насилство врз трансродовите лица сериозен проблем