ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
20.04.2022
Макрон со лежерни фотографии сака да ги привлече младите гласачи
Автор: Goce Author

Официјалниот фотограф на Емануел Макрон објави низа на фотографии во очи на вториот круг на претседателските избори.

На една од фотографиите Макрон позира во лежерно издание со раскопчана кошула, а во прв план се неговите влакнести гради.

Странските медиуми објавуваат дека целта на овие фотографии е да се привлечат младите гласачи во Франција кои во првиот круг на изборите дале поддршка на нејзината противкандидатка Марин Ле Пен.

Не требаше долго оваа фотографија на Макрон да стане популарна на социјалните мрежи. Многумина го споредуваат со Шон Конери и Роџер Федерер. Вториот круг на француските претседателски избори се одржуваат на 24 април.

 

Пилула за слабеење наместо напорно вежбање?
Какви ќе бидат политиките на Трамп кон Балканот?