ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
21.09.2022
Марк Цукерберг изгуби повеќе од половина од своето богатство
Автор: Goce Author

Милијардерот Марк Закерберг изгуби половина од своето богатство. Според индексот на милијардери на Блумберг, сопственикот на Мета сега е на 20-то место на ова рангирање.

За Цукерберг ова е најниското место на кое се наоѓа на листата на Блумберг за најбогати луѓе во светот од 2014 година, а повеќе не е ниту во топ 10 на листата на Форбс за најбогати луѓе.

Фото: Фејсбук

Блумберг објаснува што можеби го предизвикало падот

Богатството на основачот на Фејсбук е преполовено од почетокот на 2022 година, а за помалку од две години од 106 милијарди долари падна на 55,9 милијарди долари.

На врвот на своето богатство, Закерберг вредеше неверојатни 142 милијарди долари – сепак, времињата се сменија од септември 2021 година.

Блумберг укажа на неодамнешното ребрендирање на Фејсбук во Мета, забележувајќи како тогаш работите „оделе надолу“.

Истакнувајќи дека Мета „се бори да најде основа во технолошкиот простор“, Блумберг ги нарече неодамнешните извештаи за заработката на компанијата „очајни“.

Фејсбук станува мрежа за баби, дедовци, стрини….

Лора Мартин, висок интернет аналитичар во Needham & Co, рече дека акциите на компанијата на Цукерберг паднале поради инвестициите во Метаверс, но исто така испрати порака: „Цукерберг треба да ги врати корисниците од TikTok“.

Цукерберг веќе некое време има за цел да ја трансформира својата мрежа на социјалните медиуми во Метаверс – виртуелно место каде што луѓето можат да играат, да работат и да комуницираат.

Колку младите во Македонија  користат ,,Фејсбук’’ и ,,Инстаграм’’ ?

Сепак, тој беше исмејуван минатиот месец кога сподели фотографија од неговиот Метаверс аватар. Изгледаше толку лошо што речиси веднаш излезе со изјава во која се правдаше.

Тој рече: „Наскоро доаѓаат големи ажурирања на графиката на Хоризонт и аватарот […] Знам дека фотографијата што ја објавив претходно оваа недела беше прилично едноставна – беше направена многу брзо за да го прославиме лансирањето“.

Ова е онлајн играта Навигатор – преку неа младите ќе учат за човекови права
Топ 5 видео игри што ќе излезат во 2025 година