ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
11.12.2022
Маркетинг трикови кои ве тераат да купувате повеќе
Автор: Goce Author

Ерата на дигиталните медиуми им дозволува на маркетинг директорите да не бомбардираат со различни рекламни содржини секој ден, а понекогаш не сме ни свесни за тоа. Маркетерите имаат различни директни и индиректни начини да не натераат да купиме повеќе. За некои од овие начини не сте ни свесни.

Распоредот на артиклите во продавницата, таблите на вратите, рекламните табли на улиците, положбата на касата во продавницата, се некои од причините што не наведуваат да поминуваме повеќе време во трговските центри, што често резултира со зголемена набавки.

Груен ефект – трговските центри често се без прозорци и часовници за луѓето да се дезориентираат и да заборават на вистинската цел за која дошле во трговскиот центар, да изгубат чувство за време. Името е добиено од архитектот Груен, кој прв го дизајнирал затворениот трговски центар.

Локацијата на намирниците во продавниците и големите колички – Наместо колички кои се нормални величини, продавниците често нудат големи колички кои се невообичаено големи за поголема потрошувачка. Големите колички и корпи за пазарање често ни изгледаат празни и имаме чувство дека треба да ги наполниме. Во однос на локацијата на производите,  лебот и млекото како основна и најчесто купувана храна се ставаат на крајот од продавницата.

Лажни попусти – почетната цена е помала, а кога има попусти, почетната цена е поголема, па се намалува. Ова значи дека попуст не ни има.

Лажен изглед– ги прскаат производите (овошје и зеленчук) со вода пред да направат фотографии за да изгледаат поубаво и посвежо.

Ограничени залихи – „продажба додека траат залихите“ ги поттикнува клиентите да купат производ што е можно поскоро.

Ограничена количина – ограничување на производите што се на продажба, така што клиентите брзаат во продавниците.

Ограничено време – промоциите се временски ограничени за да ги поттикнат клиентите да купуваат производи што можеби дури и не им се потребни.

Пријатна музика – истражувањата покажаа дека пријатната музика во позадина го поттикнува клиентот да поминува подолго време во продавница и да купува повеќе работи.

Секој граѓанин должи 4000 евра, а има заштедено 5400 евра – во просек
70% од средношколците се запишани во стручни училишта