ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
16.07.2022
Математичарите Давков и Спировски сребрени на Олимпијада

Математичарите од Македонија имаа успешен настап на Светската математичка олимпијада , која се одржа во Осло, Норвешка.

Церемонијата на свечено затворање и доделување на медалите беше одржана во петок, 13 јули, а најуспешни кај нашите претставници беа Дамјан Давков и Никола Спировски со сребрени медали.

Шест млади математичари од државава освоија два сребрени, два бронзени медали, како и пофалници на 63. Интернационална математичка олимпијада (ИМО 2022).

Како што информираше Сојузот на математичари, Никола Спировски и Дамјан Давков од македонската репрезентација освоија сребрени медали, Блаже Суклевски и Јан Стојановски бронзени, додека Алексиј Тасиќ и Јасна Илиева добија пофалници.

Водач на тимот е Илија Јовчески, а заменик-водач е Мирко Петрушевски.

Церемонијата на свечено затворање и доделување на медалите можете да ја видите на следниот линк.

https://www.imo2022.org/imo/Stream

 

Балканска олимпијада по информатика од 20-26 септември во Охрид
„Студентски отпор“ реагира на новите повисоки трошоци за студирање