ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
17.04.2022
Матурант примен на 27 колеџи и универзитети – добил над 4 милиони долари за стипендии
Автор: Goce Author

Матурантот Џонатан Вокер е примен на 27 колеџи и универзитети, меѓу кои Харвард, Стенфорд и МИТ. Од сите нив добил над 4 милиони долари за стипендии.

Џонатан Вокер

„Можев да се видам себеси на секој од колеџите на мојата листа и не се пријавив никаде каде што мислев дека не би можел да бидам среќен. Само направив листа и почнав да аплицирам“, рече Вокер. Сега, кога има голем избор од 27 колеџи, вели дека се обидува да одлучи на кој колеџ да продолжи.

„Најмногу сум заинтересиран за инженерството, како и за претприемништвото. Исто така, ја истражувам можноста да создадам некоја своја насока бидејќи имам многу различни интереси“, рече Вокер.

Родителите му помогнале да ја засака хемијата, која тој ја насочил кон инженерството со цел да им помага на други луѓе.

Џонатан Вокер креирал уред кој го потсетува корисникот да ги зема лековите. Вокер е активен и во научен клуб, меѓународна програма за дипломирање и универзитетски фудбалски тим.

Погледнете го целото видео:

 

Науката открива: Дружењето навистина го продолжува животот
Македонските научници на едно место: Порталот „е-наука“ може да ти донесе меѓународна соработка, бизнис-партнери и финансирање